Општи правила на Тркалото на Среќата

Кој е организатор: Организатор на натпреварот е Студио Модерна ДООЕЛ Скопје, 1000 Скопје, Македонија.

Времетраење на игратаОд 16.4.2019 до 30.04.2019 година.

Што добиваат учесниците?

  • Попусти во висина од 5%. 10% и 15%
  • Подароци: Производи од палетата на Топ Шоп во вкупна вредност од 10.000 денари.

Организаторот го задржува правото на промени и дополнувања на наградите.

Тек на играта

Тркалото на Среќата е онлајн игра во која учесникот, преку оставање на свои податоци (име, презиме, e-mail адреса)  стекнува право да го сврти тркалото во кои се кријат изненадувања – попусти и подароци.

Секој учесник кој го свртел тркалото еднаш, нема право да го направи повторно истото. Учесникот кој добил покана за играта од страна на пријател има право да го направи истото. Не е можно искористување на две или повеќе награди. Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Р.Македонија. Тие можат да освојат само една награда. Секој учесник може да учествува само со една е-маил адреса. Строго е забрането користење на невалидни податоци и испраќање на покани за учество на емаил адреси кои учесниците самите ги користат.

Проверката на валидноста на податоците и учеството ќе се одржи во просториите на Студио Модерна дооел – Костурски Херои 38, 1000 Скопје, под супервизија на жирито во состав:

  • Анета Мркева (претседател на жири комисија)
  • Даниел Брзанов (член на жири комисија) и
  • Томе Димитриевски (член на жири комисија)

Претседателот на жирито ќе направи записник за текот на играта, кој ќе биде чуван на адресата на Студио Модерна ДООЕЛ. Сите членови на жирито мора да го потпишат записникот.
Студио Модерна д.о.о.е.л. не поддржува несакани пораки (спам) во која било форма. Секоја таква порака испратена од трета страна за целите на гласањето е строго забранета и евентуалните манипулатори со вакви пораки можат да бидат законски гонети за таквото однесување.

На барање на овластените институции на Република Македонија (оние кои го регулираат испраќањето на несакани пораки (спам) и пристапот на Интернет, Студио Модерна д.о.о.е.л. го задржува правото да ги известува овие институции или провајдерите на IP адреси за оној учесник кој е под сомнение дека испраќал несакани пораки (спам).

Организаторот се обврзува веднаш да го исклучи оној  учесник за чии покани е доставена барем 1 жалба, испратена од примач на покана кој ја примил поканата на осомничениот. Исто така, организаторот е должен веднаш да го исклучи учесникот за кој постои сомнеж дека испраќа покани на лица кои претходно не дале согласност да примат покана.

Ако организаторот се сомнева дека учесникот праќа покани на лица кои не дале согласност за примање покана, или ги испраќа од иста IP адреса, овластен е да го повика осомничениот да се одбрани. Ако во ваков случај, осомничениот испраќач на покани не даде објаснување во период од 24 часа откако е повикан или ако достави некомплетно објаснување, организаторот е обврзан да го дисквалификува.

Употребата на каков било компјутерски код, штетни програми или што било друго што може да вознемири, онеспособи или оштети, е строго забрането. Примателите на покани имаат право да го известат организаторот доколку им се понудени несоодветни покани од учесник во гласањето, на нивната e-mail адреса, каде ќе мора да ја посочат е-маил адресата или веб линк-от кој тоа лице го користело за покани, како и да опишат зошто поканата е насилна. Ваквото нивно известување мора да го потпишат со целосно име и презиме. Организаторот го задржува правото да го исклучи учесникот од гласањето без никакви обврски.

Употреба на лични податоци

Учесниците во играта и добитниците на наградите се согласни да се објават нивните лични податоци на фејсбук страниците на Студио Модерна и, ако е потребно, и на други медиуми, како и да се обработат во корист на играта. Списокот на добитници се наоѓа во Студио Модерна дооел Македонија, Костурски херои бр. 38, 1000 Скопје.
Преку учеството во играта, учесникот е согласен неговите податоци да бидат обработени и чувани во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Со учество, учесникот се согласува да добива e-mail пораки - е-магазин и понуди од Студио Модерна.

Ако учесникот сака понатаму да биде избришан од e-mail базата на примачи во Студио Модерна дооел, ова може да се уреди преку испраќање e-mail на адресите на Студио Модерна или преку линкот кој е дел од секоја e-маил порака која Студио Модерна ја испраќа. Компанијата ќе ги почитува сите вакви барања и веднаш ќе врши отстранување на e-маил адресите од таа база.

Решавање на жалби и поплаки

За сите жалби и поплаки е одговорен организаторот на изборот. Во случај на жалба со релевантни забелешки, организаторот е обврзан да ги реши во најкратко можно време и да го извести учесникот за исходот.

Жири комисијата е овластена да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила.

Одлуките на жири комисијата во поглед на можните дисквалификации, се конечни.

Овие правила и процедури стапуваат на сила на 22.06.2018 та година. Организаторот го има правото да ги смени и дополни овие правила во секое време.